Згазил дете и побегнал – Несовесен возач предизвикал сообраќајка во Кавадарци

0
19

Министерството за внатрешни работи информира за случај на несовесен возач по потекло од Струмица, кој живееле во Кавадарци. Тој вчера удрил во дете, па побегнал, без да му помогне.

-Вчера во 14:11 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „југо“, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштил местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. По преземени мерки од полициски службеници е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.