Касами: Арифи ја тера администрацијата да прават списоци со граѓани кои ќе гласаат

0
41

Лидерот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами смета дека ова не е битка за тоа кој ќе биде на чело на градот, туку битка за Тетово и неговите граѓаните.

-Јас не собирам гласови со сила. Сите кои досега гласале за мене се гласови на граѓани кои се разочарани од се што е направено во општината, рече Касами во емисијата „24 анализа“.

Тој обвини дека „Арифи знае како ги собира гласовите“.

-Како ги тера од администрацијата да прават списоци со луѓе кои ќе гласаат. Како ги тераат вработените во другите институции да носат други лица. Секој ден ми се јавуваат загрижени граѓани кои ги ставале на списоци. Од ДУИ се во голема паника, смета Касами.