Словенија се залага ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до 2030

0
18

Словенија ја притиска ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до 2030.

Блокот е поделен околу потребата за ширење и брзината со која треба да се примаат нациите, пишува Фајненшл тајмс.

Оваа земја е актуелниот претседавач на ЕУ, и предложи Унијата да се прошири на целиот Западен Балкан до крајот на деценијата, а тоа го изнесе во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела. Предлогот за брз прием на земјите, меѓу кои е и Македонија, го дале пред три дена на состанокот на амбасадорите во Брисел, и наишол на вџашеност кај другите земји -членки на Унијата. Некои го опишаа предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот. Но, Македонија уште не ги почнала преговорите со ЕУ. Потребно е да се тргне бугарската блокада.

Од бугарска страна има најави за поинтензивни разговори во периодот кој следи.