Јакимовски прогласи победа во Карпош

0
39

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски прогласи победа во вториот круг од локалните избори во Карпош. Негов противкандидат беше Душко Весковски од СДСМ.

Тој рече дека не е време за триумфализам и вети дека ќе биде градоначалник на сите, без разлика дали гласале за него, дека ќе ги коригира грешките и дека посветено ќе работи.

„Со десеткувана партија, со украдени пратеници, омаловажуван, притворан, жртва на страшна пропаганда тргнав во овој поход, но знаев дека го имам народот зад себе. Направивме моќен сојуз и јас и народот на Карпош ја испишавме оваа историја“, рече Јакимовски.

Тој вели дека Карпош повторно ќе го врати сјајот и ќе биде општина број еден.

Според официјалните податоци на ДИК, по обработени 45 отсто од гласачките места, Јакимовски води со 1000 гласа пред Весковски.

Јакимовски досега во три мандати беше градоначалник на Карпош.

Од 2000 до 2003 како кандидат на ЛДП, од 2009 до 2013 како кандидат на СДСМ, а од 2013 до 2017 како независен кандидат. Во 2017 изгуби од досегашниот градоначалник Стефан Богоев од СДСМ, кој не се кандидираше повторно.

Во 2013 година, по излегувањето од СДСМ, Јакимовски ја формира партијата ГРОМ.