Биљал Касами тврди: јавниот превоз во Тетово функционира незаконски

0
21

Јавниот превоз во Тетово работи надвор од законските норми, а слични сомнежи има и за зонското паркирање кое нема да функционира додека не се расчисти како функционира, вели Биљал Касами. Тој за понеделник најави објавување на детален извештај за, како што тврди, неправилностите на кои наишол во општината. Завршувањето на над 20 скапи проекти останати на половина, се очекува дополнително да го зголеми долгот на општината, бидејќи за нив нема обезбедени пари. Касами додаде дека овие проекти, поради многу законски пропусти, најверојатно нема ниту да продолжат.

За жал, јавниот превоз е еден од грубите прекршувања на претходното раководство. Јавното сообраќајно претпријатие е законски основано, реално нема вработени и сите дејствија се прават спротивно на законот. Во извештајот што ќе го добијам од комисијата ќе биде констатирано дека таму каде што има сериозни правни пропусти од формално-правен и технички аспект, дефинитивно ќе треба да направиме посебен извештај за секој проект“, рече Касами.

Меѓу многуте проекти оставени на половина се и некои споредни улици во градот кои се поврзани со најфреквентните булевари. Граѓаните се жалат на состојбата на улиците.

„Пречи, секако. Чекаме, се надеваме дека ќе биде побрзо ако тоа се случи. Не живеам овде, но често поминувам кога имам работа. Тука не се очекува многу, така сум убеден, можеби грешам, можеби ќе биде подобро“, велат граѓаните.

Најголем дел од проектите кои останаа недовршени се реконструкцијата на споредни патишта на територијата на општина Тетово, главно започнати кратко пред почетокот на кампањата за локалните избори.

Алсат-М