Земјотрес од 3,5 степени по Рихтер во Кичево

0
21

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала се почувствува во Македонија. Земјотресот бил силно почуствуван во Кичево.

Неговиот епицентар се наоѓа на 4 километри југозападно од градот на длабочина од два километри.

Според податоците од ЕМСЦ, потресите се случиле во 18:36 часот. Засега нема информации за евентуална материјална штета, ниту подетални информаци.