Мерки за двајца цариници и раководител од ГП Деве баир поради автобусот на Беса транс

0
33

Суспендирани се двајца царински службеници кои биле на смена кога автобусот на,, Беса Транс,, излегол од Македонија.

На ГП „Деве Баир” не бил евидентиран излезот на автобусот од несреќата, мерки за двајца цариници и раководител.

Суспендирани се двајца царински службеници кои биле на смена кога автобусот на Беса Транс излегол од државата, а за нивниот раководител ќе следи мерка за санкционирање, информира царинската управа.

Секторот за професионална одговорност на Царинска управа констатира дека првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото на Беса Транс од Скопје во кое загинаа 45 патници .Извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници.