ОЈО Гостивар поднесе обвинителен предлог за насилство

0
34

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело „насилство” од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

Тројцата обвинети, двајца мажи и една жена, на 3 јуни во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на друг. Оштетениот се упатил во канцеларија на нотар во Гостивар за да направи договор за купопродажба на возило. Го забележала обвинетата, која била во соседната адвокатска канцеларија на првообвинетиот и застанала пред вратата на нотарската канцеларија, па го почекала да излезе. Кога излегол, го фатила за рака и му рекла да влезе во канцеларијата на првообвинетиот. Оштетениот одбил, па сите тројца започнале на сила да го влечат и да го удираат, со боксови, шипки и други предмети, велат од ОЈО Гостивар.

Настанот како што информираат од обвинителство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни.