Тетово со најлоша инфраструктура, комуналии и хигиена, ама и со најголем долг

0
59

Со најлоша инфраструктура, комуналии и хигиена, а со најголем долг. Тетово на јавни и приватни претпријатија и лица должи над 24 милиони евра. Долгот велат експертите е резултат и на превработеноста во општинската администрација. Ревизијата е неопходна, ако сакаме општината да го фати вистинскиот правец.

Долгот го објави новиот градоначалник Биљал Касами кој најави ревизија.

Досега е констатирано дека Општина Тетово има над 864 милиони денари долг, училиштата над 4 милиони, ЈКП Тетово над 596 милиони, градски паркинг над 11 милиони денари или вкупно една милијарда 477 милиони 120 илјади и 659 денари или 24 милиони 18 илјади и 222 евра, рече Касами

И претходната локакна самоуправа кога дојде на власт наследи задолженост од нас 8 милиони евра и таа најави ревизија за долгот.

Инаку на почетокот од годинава во истражувачката сторија во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, кој беше финансиран и поддржан од Делегацијата на Европската Унија, се посочи дека Тетово, заедно со општините Охрид и Карпош се во врвот на најзадолжени општини.