Тетово на врвот по аерозагаденоста која заедно со Ковид 19 е смртоносна комбинација

0
40
Тетово деновиве е на врвот по аерозагаденост. Изминативе три недели од ноември сами три дена тетовци дишеле чист воздух. Минатиот месец пак градот под Шара повторно се најде на врвот на страницата Нумбео, како најзагаден град во светот.

Зачаденост, воздух од кој печат очи и грло е вообичаено утро за тетовци.

Навечер ситуацијата е уште полоша, кога печките се палат.

Со грејната сезона во одредени денови, коцентрацијата на ПМ десет честичките е за пет пати поголема од максималните граници.

Проблемите и изворите на загадување поради кои Тетово се гуши во смог се знаат, но властите како централни така и локални не преземаат конкретни чекори, реагираат еколошките организации.

Аерозагадувањето фактор за голема смртност и голем ризик за децата, оти ПМ десет честичките лебдат токму на нивна висина, а заедно со коронавирусот е најлоша комбинација, велат здравствените работници.

Од она што се гледа на терен властите досега немаат преземено конкретни чекори против аерозагадувањето.  Урбан хаос со голем број висококатници, сообраќаен метеж и бетонизацијата се главните извори, од кои со години се трујат граѓаните

Новата локална власт пак ветува почист град со еколошки транспорт, фабрика за рециклирање на отпад, обновливи извори на енергија. Дали ваквите најави ќе се реализираат во пракса, или пак како досега само на хартија ќе покажа времето.