Фајзер: Пандемијата ќе трае со години? Ковид-19,би можел да стане ендемска болест

Компанијата „Фајзер“ предвидува дека пандемијата од корона виурс нема да заврши се до 2024 година.

Ковид-19, тогаш, би можел да стане ендемска болест, што значи место глобални вонредни ситуации ќе биде константно присуството кое редизвикува регионални зарази ширум светот, налик на грипот, соопштија од „Фајзер“.

Компанијата, исто така, наведе дека се очекува следната година да имаат профит ос 31 милијарди долари поради производство на вакцини.

Вакцините се пролагодени на посебни варијанти на вирусот, а новите доколку бидат потребни, може да ја зголемат продажбата во 2022 година.