Самка Ибраимовски смета дека не се остварени ветувањата за учество во власта и најави оставка

0
40

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски денеска најави оставка од функцијата заменик-директор на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”. Тој е незадоволен од остварените барања и ветувања за нивното учество во извршната власт. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на Централното претседателство на ПЦЕР.

Утре ќе ја депонирам мојата оставка од причини што не се исполнети ветувањата кои требаа да се исполнат кон нашата политичка партија. Утре ќе имаме заеднички состанок со повеќе ромски политички партии и ќе бараме да се донесе ромска платформа по што заеднички ќе настапуваме на следните парламентарни избори. Остануваме во коалиција со СДСМ се до средбата со новиот мандатар Ковачевски, да видиме кои се неговите размислувања за нашата коалиција, односно дали ќе има парче колач од она што е ветено да се даде на ПЦЕР“, изјави Ибраимовски по состанокот.

Тој потсети дека му било ветено директорското место во „Македонија пат”. Ибраимовски рече дека по пописот очекува Ромите да бидат 7 проценти од вкупното население.

Нашите проценки се дека во земајава има 100 до 120 илјади Роми, рече Ибраимовски