ТВ 24 НЕОФИЦИЈАЛНО ДОЗНАВА: НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ПРВ ГОСТИН ЌЕ МУ БИДЕ НЕГОВИОТ БУГАРСКИ КОЛЕГА КИРИЛ ПЕТКОВ

0
18

Прва официјална посета од странски државник која ќе ја прими новиот македонски премиер Димитар Ковачевски се планира да биде од неговиот бугарски колега Кирил Петков, дознава Телевизија 24 од неофицијални владини извори.

Точниот датум на посетата не е определен, но секако таа би се остварила после 15 Јануари кога Ковачевски би ја превземал функцијата. После министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска и претседателот Стево Пендаровски порачува дека новата иницијатива за соработка од Софија е добра, но понудената рамка за евентуално решение за спорот од 6 месеци е предолга.