Фатен возач на тетовски автобус со фалсификувано лекарско уверение при излез од земјата

0
37

Денеска во 11.30 часот на Граничен премин Табановце, при излез од Република Северна Македонија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово.

Притоа, едниот возач В.Д.(39) од Тетово приложил фалсификувано лекарско уверение, а другиот возач Ш.О.(49) од Гостивар не поседувал лекарско уверение.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.