Второто полугодие да почне онлајн бара движењето „Поддршка за онлајн настава“

0
26

Второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава побараа денеска на прес-конференција од движењето „Поддршка за онлајн настава“, произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови.

Ана Глигорова, претставник на движењето „Поддршка за онлајн настава“ вели дека не шансите за заразување со ковид во една училница се многу големи.

„Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства“, изјави Глигорова.

Апелираше до министерот за здравство и министерката за образование и наука, односно Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата нивното барање да се реализира.

Во земјава учебната година се одвива со физичко присуство, освен за децата кои ќе достават медицинска потврда дека не можат да следат настава во школи и тоа ќе го прават онлајн. Наставата се одвива според протоколите кои ги објави Министерството за образование и наука, а ги подготви Комисијата за заразни болести. Меѓудругото на учениците им се мери температура на врата, задолжително е да носат маски и да ги дезинфецираат рацете. Учениците до нова година до 20 јануари се на распуст, а потоа треба да започне второто полугодие од учебната година.