Маж од тетовско со автомобил прегазил тројца соселани

0
32

Во СВР Тетово вчера во вечерните часови било пријавено дека на локалниот пат во тетовско Добарце, автомобил „опел вектра“, управуван од 44-годишниот Х.Ј. од ова село, удрил во Б.К. (34), В.Л. (35) и Ф.Л. (42), негови соселани.

Во несреќата, В.Л. и Ф.Л. се здобиле со тешки, а Б.К. со телесни повреди, констатирани во тетовската болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.