Навали се Шар Планина, пределот кон Бањиче небезбеден за пешаците и возачите

0
17

Свлечишта, одрони од камнења и земја струполени на коловозот, навалени потпорни ѕидови. Ваква е сликата во подножјето на Шар Планина долж сообраќајницата, која води кон рекретивното место Бањиче, објави Телма

После секои врнежи од дожд и снег, нестабилниот терен го прави овој единствен рекреативен предел во тетовско, ризичен како за пешаците така и за возачите.

НЕМА ДРУГО МЕСТО ЗА РЕКРЕАЦИЈА. ВО ТЕТОВО САМО ОВАА ПЕШАЧКА ЗОНА ЈА ИМАМЕ. ПРИВЛЕЧНА Е ИМА РЕКА, ПЛАНИНА, НО И ЧИСТ ВОЗДУХ, ОСОБЕНО СЕГА КОГА НИ Е НАЈПОТРЕБЕН ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД, КОГА ДОЛУ ТЕТОВО СЕ ГУШИ ВО СМОГ. НО НИКАКО ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ТЕРЕН, ОДИМЕ АМА НЕКАКО СО СТРАВ, ВЕЛИ ЕДЕН ЖИТЕЛ НА ТЕТОВО.

Ерозиите и свлечиштата на земја во пределот кој води кон Бањиње се интензивираа откако пред 4 години се  реконструираше и прошири патот и пешачката зона кон овој предел. Уште тогаш геолозите предупредуваа дека делницата се проширува на сметка на планината со многу стрмни косини, што може да предизвика ерозивни процеси.

 Од претходната локална самоуправа на крајот од мандадот на најризичните места направија каскадни системи, за да се заштити пределот од ерозивни процеси. Најавија дека ќе следува сериозен голем проект за спречување на појава на големи свлечишта на овој предел.

Но, на терен не се спроведоа никакви други активности.

Засега и од новата локална самоуправа нема никакви најави за проекти, кои би го заштитиле овој предел од ерозивни процеси.