ОД 9 МИНИСТРИ НА СДСМ – ВО НОВИОТ КАБИНЕТ НА ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ – ДУРИ ПЕТМИНА СЕ ОД ВЛАДАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ

0
20

Од  9 минситри на СДСМ – во новиот кабинет на Димитар Ковачевски, дури петмина се од Владата на Зоран Заев – меѓу кои и најспомнуваните Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, и во јавноста и во СДСМ како дел од минатото раководство кое претрпе фијаско на локалните избори.

Токму со овој аргуемнт бил дел од сопартијците на Ковачевски синоќа, како што веќе објави ТВ 24 барале одгоговори од идниот премиер, а најгласен според информациите на ТВ 24 бил екс градоначалникот Петре Шилегов. Шилегов според информациите на ТВ 24 иако не спомнал имиња, прашал  дали за поразот во Скопје највиновни се само тој, Шеќеринска, Филипче и Царовска.

Според информациите останувањето на спорните министри за дел од социјалдемократите Ковачевски го правдал со континуитет и резултати. Токму тоа мандатарот и јавно и дека го повтори. Вели добро работеле.

Новите имиња на список на Ковачевски добиле поддршка од сопартијците, но и пораки дека мора вратите секогаш да им бидат отворени. Меѓу нив и денска најголемо изненадување и најмногу внимание предизвикува идниот министер за правда, професорот на равниот факултет Никола Тупанчевски. Познат кривичар, секогаш важел за близок до СДСМ, но никогаш не и СДСМ. Близок е со поранешните функционери од времето на Бранко Црвеноковски, како и експотпретседателката на СДСМ Ана Данева Павловска, но и акатуелниот челн на ИО Андреј Петров.

Наследничката на Јагода Шахпаска, Јована Тренчевска е уште едно ново име на Илинденска број 2. Струмичанка, одамна вработена vo МТСП, актуелна директорка на трудовиот инспекторат.

Славица грковска не е нпознато име во политилата, но е интересен нејзуиниот кам бек во високата политика. Пратеничка во неколку мандати и во времето кога со СДСМ раководеше и Бранко црвенковски и на Шеќеринска и на Бучковски, нои никогаш дел од извршната валст.

Славјанка Петровска, актуелната пратеничка, која ја понесе клучната улога за социјалдемократите во техничката влада пред изборите во 2020, како дополнителна министерка за МВР.

Потпреседателката на СДСМ пратеничката Бисера Костадиновска Стиојчевска, која ќе биде и нова минситерка з акултура е уште изненадување и во Владата, но и во врвот на Бихаќка. Доаѓа од Битола, ја претставува 5-ка, а на јавнсота и го привлече вниамнието ккако прв пратеник кој како ковид позитивен галсаше со скафандер во Собранието.

Интересен е и трансферот на Бојан Маричиќ во евроинтеграции. Маричиќ важеше за еден до најлојалните луѓе на Заев, но и важи заеден од најблиските на Ковачевски. И во последната влада на Заев се споменуваше како можно решение за евроинтеграции, но и тогаш  ја доби правда, како заслуга за улогата кога ја изигра за новиот закон за ЈО. Сепак како дел од минатото раководство, дел од сопартијците не ги амнестираат за поразот, особено во Карпош.

И додека Ковачевски чека избор на неговата Влада викендов, опозиционерите му порача уште денеска што мислат за неговиот состав.

Во министерствата ќе се подготвуваат примопредавањата, сепак претходниците и соопартијците на новите министри вчера не ги слушнаа на состанок на ЦО аргументите на новиот лидер Димитар Ковачевски, бидејќи иако по фунцкија се членови речиси сите што се сменети решија да го бојкотираат состанокот. Дспоред неофицјалните инфрмаци, нив Ковачевски не ни усодстои лично да им каже дека  нема да бидат во неговиот дрим тим.

24  вести