Приватни ручеци со државни пари заштитен знак за СДСМ, народот плаќал специјално мени за Шилегов и вечера за Јанчева вредна 92 илјади денари

0
42

Забавите и гоштевањата на Шилегов и Јанчева граѓаните ги чинат над илјадници евра. Наместо пари за проекти за скопјани, Шилегов се расфрлал пари за гоштевање и скапи пијалоци.

Стари пијалоци, скапи вискија биле на менито на забавата на Шилегов и Јанчева. Целосна злоупотреба на парите на граѓаните, пари прибрани во градската каса од даноци.

На оваа прослава, како и што „личи” Шилегов си имал свое посебно мени, како главно јадење било бифтек на путер.

Луксузирања и трошење на пари на граѓаните за гоштевање се заштитен знак за СДСМ и нивните функционери.

Од документите јасно се гледа дека и покрај луксузирањето Шилегов и Јанчева не ги почитуваат и законите и владеењето на правото во државата.

И покрај забелешките од секторот за финансии на Град Скопје до поранешниот градоначалник Шилегов и тогашниот секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ дека фактурата за скапата прослава се однесувала за услуги за кои нема склучено договор во 2019 година, при што јасно се укажува дека сето тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, да се доставува фактура со архивска дата од претходна година.

И покрај забелешките, тогашната претседателка на Совет на Град Скопје ја потпишала фактурата од 91.560 денари.

Ниедно бледо соопштение на СДСМ нема да ја сокрие вистината за тоа како се трошеле парите на скопјани. За секој потрошен денар на граѓаните на скапи пијалоци, гоштевања, забави и криминал ќе има одговорност.

 ВМРО ДПМНЕ