Пријавени физички напад во ПО Маврово и каснување од куче во ПО Галате

0
19

СВР Тетово соопшти дека во Полициското одделение Маврово Ј.Ј. на возраст од 50 години од гостиварско Присојница пријавил дека околу 16.00 часот бил физички нападнат од Д.С. од Маврови Анови.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести СВР Тетово

На 13.01.2022 година пак во 16.25 часот во Полициското одделение Галате А.Р.(46)  од гостиварско Дебреше пријавил дека во селото бил нападнат од куче скитник.