Сообраќаен хаос во Тетово, 60.000 автомобили, а 500 паркинг места-улиците блокирани, тревниците и тротоарите како паркинзи

0
24

Самите фотографии ја отсликуваат катастрофалната состојба со сообраќајниот хаос во Тетово, особено сега во период на новогодишните и божиќните празници, кога се дојдени печалбарите, а со тоа е зголемен и бројот на возила, пишува ММС.

Дел од луѓето велат дека се „откажуваат“ од воланот. „Возило палиме само кога излегуваме надвор од градот, за низ град повеќе претпочитаме да одиме пеш, без разлика на временските услови“, велат некои жители на Тетово.

„Сите знаеме какви се приликите во градот. Гужви големи, за неколку километри да поминеш ти треба еден час, подобро пеш. Но, некогаш треба да однесеш дете не лекар и каде ќе го носиш пеш на овие минусни температури, ако е настинат, бетер ќе направиш. Пак треба автомобил да запалиш, а со него ќе заглавиш. Не знам, не се најде решение за овој хаос“, се жали еден возач од Тетово.

Но, сообраќајниот хаос не е евидентен само во централното градско подрачје во Тетово, го има од влезот до излезот на градот.

Немањето на доволно паркинг простор е најголемиот проблем. Автомобили се паркираат на самите улици, без разлика дали се во состав на зонско паркирање. Така паркирајќи претежно на диво, на улиците и булеварите останува проодна само една сообраќајна лента, што допринесува за застој во сообраќајот.

За целосната сторија на ММС кликнете подолу на на линкот

Сообраќаен хаос во Тетово, 60.000 автомобили, а 500 паркинг места-улиците блокирани, тревниците и тротоарите како паркинзи – ММС (mms.mk)