Уапсен тетовец кој треба да лежи затвор

0
20

Полицијата денеска привела 50-годишен тетовец, баран по распишана централна потерница за издржување затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Оперативен тим Потраги денеска во 08.10 часот на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ го лишиле од слобода С. Т. (50) од Тетово. За него била распишана централна потерница по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје за истражна постапка во врска со кривично дело по чл.247 од Кривичниот законик – се вели во соопштението од МВР.

Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка.