„Антикоцкање” бара објектите за игри на среќа да бидат подалеку од сите јавни институции

0
23

Движењето „Антикоцкање” од Тетово не се согласува со предлозите на министерствата, објектите за игри на среќа да бидат оддалечени 500 метри само од основните и средните училишта.

Според „Антикоцкање”, ваквите објекти треба да се оддалечни и од сите јавни институции.

Движењето денеска на прес-конференција најави дека во вторник ќе се организира протест против отворање ново казино во близина на градинка.

-Ние знаеме дека се избрани со гласот од граѓанинот, меѓутоа не е во ред да даваат предлози и да одлучуваат против благосостојбата на тој граѓанин. Ги известуваме дека не сме во можност да ги следиме нивните предлози за законот за коцкање, бидејќи при честа промена на власта се даваат се полоши и полоши предлози, рече Џемал Абдиу од „Антикоцкање”.

Како што истакна Абдиу, „Антикоцкање” ќе го поддржи граѓанскиот протест на 22 февруари во 14:00 часот кој е против отворање на казиното близу градинката „Младост” кај кружниот тек кон некогашната текстилна фабрика „Тетекс”.

Движењето „Антикоцкање” побара Општина Тетово како институција, согласно ингеренциите, да ги заштити граѓаните.

СП