Грабеж во автосервис во тетовско

0
21

Во СВР Тетово вчера било пријавено дека во временскиот период од 16.00 часот на 07.02.2022 до 16.00 часот на 11.02.2022 од објект на автосервис, на локалниот пат Тетово – с.Требош, сопственост на Ш.Ј.(52) од Тетово, биле одземени пари, документи и накит.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот