Османи во Топ Тема: Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кој ќе се затворат сите политички прашања со Бугарија

0
36

Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кои ќе се затворат сите политички прашања со Бугарија, со чие решавање тие ќе се затворат еднаш засекогаш, тоа не е бугарско барање, изјави во вечерашната Топ Тема, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прашањето на Боби Христов, дали Македонија со ваквиот став можеби крева бело знаме пред бугарските уцени во ЕУ интегративниот процес.

Според Османи, погрешна е перцепцијата дека ваквиот став најавува поместување од македонските позиции, туку напротив нивно зацврстување.

Во однос на тоа што се би опфатил тој документ и како со него ќе се решат отворените прашања, Османи не сакаше да коментира во детали, оценувајќи дека преговорите се во покритична позиција и затоа тој ќе биде воздржан.

Министерот за надворешни работи изјави дека целиот спор е покренат со оспорувањето на преговарачката рамка, која од 27-те земји членки на ЕУ, единствено ја оспорува Бугарија, и тоа заради прашањето на македонскиот јазик и имплементацијата на договорот за добрососедство од 2017 година, кој ги вклучува историските прашања, говорот на омраза, прашањето на рехабилитација на жртвите од комунизмот и прашањето за внесување на бугарската заедница во уставот. При тоа според Османи, македонската страна јасно кажала за што може а за што не може да се преговара.