Приведено лице од тетовско, агресивно се однесувало кон полицајци и не почитувало наредби

0
33

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (31 јануари) во 14 часот и 30 минути на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за Камењане, го привеле 30-годишниот Ј.Б. од тетовско Теново, затоа што се однесувал агресивно и не почитувал наредби на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.