Тетовец во бегство, бара да биде амнестиран од 100 – те дена затвор за прекршување на полицискиот час

0
45

Го прекршил полицискиот час и е казнет со 2000 евра, но бидејќи нема пари да ја плати казната, треба да одлежи затворска казна од 100 дена, објави ТВ 21.

Овој граѓанин е од Тетово. Тој иако побарал да ја плати казната на рати, тоа не било прифатено. Сега за него има правосилна одлука од судот во Тетово и полицијата трага по него за да го уапси.

-Ми стигна налог за апсење за полицискиот час бидејќи сум излегол во тоа време. Како сите други што излегуваа од некоја причина, да одат во маркет, и јас излегов со причина. Ме фатија, и ниту не може да се плати на рати, ниту да се намали цената. Треба да платам 2000 евра, а како да платам, без работа, без ништо, нема логика.

Граѓанинот вели дека не отишол во суд бидејќи кога се одржувале рочиштата, тој не бил во Македонија.

Кога с е одржуваа рочиштата јас не бев тука, ме осудиле во отсуство, се жалев за повторно судење. Ми дојде писмо дека не може да се направи ништо и дека треба да одам в о затвор.

-Дали мислите дека треба да ве амнестираат?

Мислам дека треба да ме амнестираат, бидејќи има луѓе кои немаат леб да јадат и да платат 2 илјади евра казна е апсурд, а и тоа е многу голема казна. Да платиш две илјади евра за полициски час, без разлика, си излегол со причина, не си излегол за ништо. Не си излегол да правиш некаков проблем, мислам дека треба сите да се амнестираат, вели тој.

Инаку од СВР Тетово велат дека од почетокот на пандемијата, бројот на граѓани кои се казнети за непочитување на полицискиот час и карантинот, е над 550. ТВ21 во текот на денешниот ден праша и во судот во Тетово за колку од овие лица има правосилна судска одлука, и колку од нив се казнети со затвор. До сега немаме добиено одговор. ТВ21 неофицијално дознава дека во судот во Тетово има над 300 предмети за непочитување на полицискиот час и непочитување карантин.

Извор тв21