Алијансата на Албанците и нејзината „Иднина“ на раскрсница!

0
151

Пишува Латиф Арифи

Внатрешната политичка дебата што се води изминативе денови во пресрет на конгресот на Алијансата за Албанците, во врска со изборот на новиот претседател на партијата, се чини дека не е така едноставна. Згора на тоа, таа претставува комплицирана ситуација и многу е тешко да се предвиди каков ќе биде епилогот од овој ќор-сокак што ја зафати најголемата албанска опозициска партија во Северна Македонија.

Од една страна,  најпосветените активисти на партијата а ги има доста  бараат да се почитуваат правилата, партискиот статут, бараат да се спроведат итни реформи за да бидат што е можно поподготвени за следните предизвици, бидејќи не можат да чекаат се уште да продолжуваат личните страсти на поединци, кои партијата ја гледаат како своја сопственост, и со сериски загуби во многу изборни циклуси.

Обидот на Зиадин Села да прошверцува уште еден мандат, трет по ред, на чело на АA, во голема мера ги иритира владејачките структури и огромното мнозинство партиски членови. Затоа, со право сметаат дека Села наместо да прави калкулации за да остане на чело на партијата, треба „машки“ да го трасира патот, по многу загуби, вклучително и во родниот град, на нова победничка политичка фигура, докажана личност кој што има капацитет да гради победничка опозиција кај албанското гласачко тело.

Зиадин Села како и досега не треба да биде фигура за будење на еуфоријата на некои романтичарско-патриотско-(фанатични) милитанти, кои практично ја затвораат партијата, туку партијата треба да се отвори и за широките слоеви, особено на млади лица и интелектуалци.

Кој може и да помисли дека Зиадин Села, особено во овие сегашни услови, со јазикот на линч, против критичките гласови, да постигне или обезбеди победа.

Изгледа и самиот знае дека со него на чело, не само што нема шанси за победа, туку ризикува и да ја распушти партијата.

Јазикот што го користи одговара на ситуација со многу непознаници и во никој случај не проектира победничка опозиција.

Овој јазик кој е и полн со лични навреди, неограничени агресивни обвинувања, збогатен со речник на теории на заговор, фиксиран по психозата на надворешен заговор против него, покажува дека тој го изгубил патот во дворот, заедно и со причината да ја води Алијансата на Албанците уште еден мандат.

На крајот, успехот на опозицијата ќе зависи од тоа колку таа ќе може да произведе нов дух, тим и наратив, како и од тоа колку ќе може да обезбеди владејачка платформа, да биде сфатена како алтернатива што вреди да се гласа за неа.

Опозицијата веќе има шанса, а шансата е во рацете на Зиадин Села. А колку тој знае, и колку може да ја искористи за да излезе со бело лице, зависи од него.