Додека ја чекал сопругата да оди во тоалет, купил герпка и освоил 200.000 долари

Брачна двојка од Свонси во САД е побогата за 200.000 долари, само поради тоа што на сопругата и се одело во тоалет.

Според америанските медиуми кога жената влегла во јавен тоалет мажот решил времето да го искористи за влез во продавница каде за 5 долари купил грепка од Каролина Ричс.

Грепката ја изгребал уште во продавницата и утврдил дека ја добил главната награда од 200.000 долари.

Среќната двојка изјави дека се уште не одлучиле како ќе ја потрошат добивката, пренесува Хина.