Попис во Општина Гостивар: Резидентни 59.770 граѓани, 33.076 Албанци, 12.807 Македонци, 7.597 Турци…

0
28

Бројот на резидентно население (кое живее на подрачјето) во Општина Гостивар изнесува 59.770 граѓани, од кои 29 321 машки и 30 449 женски лица, покажуваат податоците од Пописот 2021.

Според националност 12.807 се Македонци, 33.076 Албанци, 7.597 Турци, 2.273 Роми, 17 Власи, 73 Срби, 25 Бошњаци, 487 се во графата „други неспомнати“, 2 лица не се изјасниле и 4 непознато.

Согласно статистиката од пописот, на подрачјето на гостиварската општина има 20.054 домаќинства и 27.954 станови.

ПРЕЗЕМЕНО ОД ГОСТИВАР ПРЕСС