Постапка против осомничен дилер на кокаин од Џепчиште

0
26

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен жител на селото Џепчиште осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и со решение на Судот на обвинетиот му е определен притвор во траење од 30 дена.​​

– При претрес во домот на осомничениот на 29 март полицијата пронашла вкупно 78,43 грама наркотична дрога кокаин, поделена во повеќе помали пакувања, како и две дигитални ваги. Дрогата ја чувал скриена во гранките на едно од зимзелените дрвја околу куќата, соопштија денеска од Јавно обвинителство..