Рускиот народ секогаш ќе може да ги разликува патриотите од џганот и ќе ги плукне како муви што случајно им влегле во уста“

0
24

Лидерот на Кремљ им се втурна на Русите за кои рече дека се „ментално повеќе поврзани со Западот отколку со Русија“ и изрази уверување дека рускиот народ ќе може брзо да ја види разликата меѓу предавниците и патриотите.

„Се разбира дека тие (Западот) ќе се обидат да се потпрат на таканаречената петта колона, на предавниците – на оние што заработуваат тука, а живеат таму. Не живеат во географска смисла, туку во смисла на нивните мисли, нивното ропско размислување“, рече тој во обраќањето до министрите на руската влада.

„Секоја нација, особено рускиот народ, секогаш ќе може да ги разликува вистинските патриоти од џганот и предавниците и само да ги исплука како муви што случајно им влетале во уста.“

Ројтерс оценува дека овој тон е премногу отровен и за Путин, кој со години се справува со противниците дома и изнесува огорчени тиради против Западот.

Рускиот опозициски политичар Михаил Касјанов, кој беше првиот премиер на Путин во раните 2000-ти, ги осуди овие коментари на Твитер.

„Путин ги интензивира своите акции за да ја уништи Русија и во суштина најавува почеток на масовна репресија против оние што не се согласуваат со неговиот режим“, рече тој.

„Тоа се случувало во нашата историја и порано, и не само во нашата.“

Путин рече дека Западот се обидува да ја подели Русија и да предизвика граѓански конфликт со помош на својата „петта колона“.

„А целта е една, ова го имам кажано и порано – уништување на Русија“, рече тој, додавајќи дека Русија ќе ги отфрли таквите напори.

„Јас сум убеден сум дека ова природно и неопходно самочистење на општеството само ќе ја зајакне нашата земја, нашата солидарност, сплотеност и подготвеност да одговориме на секој предизвик.“