Тетово една од четирите општини каде ќе се поставуваат филтри за воздух во проект поддржан од ОН

0
19

Во Тетово ќе се поставуваат филтри за воздух во рамки на проект на Обединетите нации, најавија денеска од Општината.

Според градоначалникот Биљал Касами, овој проект значајно ќе придонесе за квалитетен и чист воздух.

– Денеска остварив средба со претставници на УНОПС. Општина Тетово, благодарение на проектот „ЕУ за чист воздух“ е корисник на грантот од 10 милиони евра за стационирање на филтри за воздух поделени во четири општини: Тетово, Битола, Скопје и Куманово. Проектот ќе му служи на нашиот град за чист воздух и безбедна и квалитетна животна средина.Тетово во подножјето на Шар Планина, заслужува квалитетен и чист воздух, порача Касами.

Овој проект е поддржан од Европската Унија преку УНОПС – Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги и ИПА фондовите.