29-годишно лице од Гостивар физички ги нападнало своите родители со метален предмет

0
18

Вчера (6 март) околу 16 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на улица „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, го лишиле од слобода 29-годишниот гостиварец И.Б., кој околу 14 часот во семејниот стан физички ги нападнал неговите родители.

Според пријавеното, во нападот тој употребил и метален предмет со кој го повредил татко му.