Адвокатот на ДУИ врши притисок врз наставниците, злоупотребувајќи ги децата, велат од Алијанса за Албанците

0
23

Адвокатот на ДУИ, Насер Зибери денеска доби наредба да врши притисок врз наставниците со злоупотреба на децата и нивните родители, за да ја спаси партијата и Владата, вели Алијанса за Албанците

Откако ги измами Албанците дека ќе биде првиот премиер албанец и потоа како награда ја узурпира функцијата народен правобранител, сега станува адвокат на Владата и партијата.

Јавно го прашуваме, каде беше да ги заштити децата кога Владата и МОН не обезбедија опрема, таблети и интернет за онлајн учење, каде беше кога децата Албанци во многу населени места бараа паралелки и беа принудени да учат на македонски јазик, каде беше кога Професорката Бесијана Мехмети силуваше и им се закануваше на студентите?

Го повикуваме Адвокатот на ДУИ итно да се откаже од оваа срамна и пропадната мисија, но да бара одговорност од неговата партија каде се ветените 600 евра плата за наставниците“, се вели во соопштението.