Албанка пронајдена почината во гостиварско, МВР се огласи по трагедијата

0
40

На 25.04.2022 во ОВР Гостивар било пријавено дека во домот во гостиварското село Вруток со убодни рани по телото била пронајдена почината 55-годишна жена, се наведува во билтенот на МВР.

Станува збор за Б.А. од Република Албанија. Таа живеела во селото.

Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.