Бугарскиот претседател Радев со нови провокативни пораки

0
21

По отворањето на културниот клуб во Битола именуван Ванчо Михајлов, бугарскиот претседател Румен Радев сега тврди дека во време на Југославија, во земјава биле убиени десетици илјади лица.

Во одбрана на Ванчо Михајлов, бугарскиот претседател изјави дека токму тој ја бранел Македонија од војна со Бугарија, а македонските политичарисо изјавите против него, според Радев, се обидувале да изградат идентитет со искривување на историјата.

„Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов е човекот кој одбил Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не ИванМихајлов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убија и испратија десетици илјади во концентрационите логори, само затоа што решија да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци. Е тоа е вистински фашизам“, – Румен Радев – претседател на Бугарија.

Лага за политички цели- ова е одговорот на македонскиот претседател Пендаровски, по обвинувањата од Радев за убиени Бугари. Тој додава дека не постојат никакви документи во архивите во кои пишува дека некогаш во Македонија постоеле концентрациони логори.

– Бројката од наводно убиени 10.000 Бугари е лага, гола конструкција за политички цели. Не постоини еден релевантен историски извор, ни во бугарската, ни во македонската, ни во светска историографија дека 10.000 луѓе биле убиени во концентрациони логори во тоа време кај нас. На територијата на Македонија никогаш немало конлогори ни тогаш, ни денес.– Стево Пендаровски – претседател.

За Пендаровски нема дилеми дека Ванчо Михајлов, човекот чие име го носи новоотворениот бугарски клуб во Битола, е фашист.

-Постојат потврдени историски факти и избори кои не ги спори ниту бугарската историографија дека Ванчо Михајлов бил соработник на Хитлер. Само тоа е доволно да го прави фашист или нацист. Во однос на квалификациите дали нацистите морале да убиваат луѓе за да бидат нацисти, не морале. Ако си следбеник на таа идеологија ти си нацист. Ако ја користиш, како во неговиот случај, за остварување на сопствени политички цели, пак си нацист. – Стево Пендаровски – претседател.

Наместо за историски контроверзии, Пендаровски вели дека треба фокусот на политичарите да се стави на решавање на реалните проблеми на граѓаните и поворно повика со историја да се занимаваат историчарите.