Податоците од пописот покажуваат поразителни бројки за иселувањето на младите, неопходни се конкретни мерки

0
34

Поразувачки, но не и изнадувачки се последните податоци од пописот според кои од 2002 година до денес државата ја напуштиле околу 150 илајди млади луѓе. Ова се податоците со кои излегоа младинските организации пред пратеници за да бараат ефикасни политики што ќе го спречат одливот на мозоци и работноспособни луѓе.

Апелираат државата да донесе мерки кои се однесуваат најмногу на образованието и на вработувањето на младите.

Зад барањата на младите застана и пратеничката на ЛДП Моника Зајкова, но без конректни ветувања што би презела законодавната власт.

Според податоците со кои располагаат младинските организации и податоците на пописот околу 53 илјади млади до 21 година ја напуштиле државата изминативе 10 години што е 10 отсто од целата млада популација. Од последниот попис во 2002 година пак, уште 100 илјади млади лица кои сега би влегле во категорија до 35 години, повеќе не се резидентно население во Македонија.

Сител