Потрошувачите и продавачите велат дека зејтин нема – 50 денари разликата во цената на зејтинот на ист производител

0
22

Од 85 до 134 денари или цели 50 денари е разликата во цената на зејтинот на ист производител во продавниците во земјава. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека веќе се преземени мерки со намалување на ДДВ-то од 5 на 0%. Тој најави дека преку Министерството за земјоделие  производителите ќе бидат субвенционирани и со нив се во редовна комуникација.

„Имајќи предвид дека има зголемување  на берзите во однос на суровото масло и затоа има одредени покачувања на цените. Најважно во вакви момнето е дека во Северна Макеоднија нема проблем во делот со снабдување  и производтсво на масло за јадење. Следиме редовно и ако  е потребно ќе донесеме дополнителни мерки за да го ублажиме притисокот во делот на поскапување на цените“, истакна Крешник Бектеши.

Но, цената не е единствен проблем,  бидејќи потрошувачите не можат  да најдат зејтин во некои продавници, маркети. Тоа ни го потврдија и во непосреден разговор за ТВ21.

„Не потрошен е . Немаме ни во магацин. Вчера имавме ама сега не“.

„Во Струмица е 160 денари. Кога дојдов во Скопје нема зејтин нигде“.

„100 денари  беше, сега 115 ден“.

-Земавте ли залихи?

„Јас сум со бабата и не можам да носам до село. Па, не може за цел век да земеме залиха“.

За тоа за колкав период има залихи на зејтин министерот не одговори, бидејќи спаѓаат во класифицирани информации. Од наши иселеници во странство дознаваме дека во Германија го голем дел од маркетите празни се полиците за зејтин, а кога го има се продава 700мл за 4,6 евра. Во Италија цената на зејтинот е од 5 до 22,50 евра.