РОДЕНИ ВО ТЕТОВО А ШЕСТ ДЕЦЕНИИ БЕЗ НИКАКОВ ДОКУМЕНТ, КАКО ДРЖАВАТА ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ОВИЕ ЛИЦА ДА СТЕКНАТ БАРЕМ ЕДНО ПРАВО

0
20

Државата има евидентирано над седумстотини правно невидливи лица кои не се упишани во матичната книга на родени. Преку новиот закон за евиденција се очекува сите да добијат посебен извод, преку кој ќе можат да ги остватрат основните човекови права.

Роден во Тетово каде и живее веќе шест децении. Со својата инвалидска количка сам, но, често и со помош на други лица, физички се движи низ градот,но правно е невидлив за институциите на системот.

Џелал Красниќи и по повеќедецениската бирократска борба, не успеал да извади извод на родени.

Тој поседува само лична карта за странци, со која како што вели не може да оствари ниту едно право. Нема ниту здравствено, ниту социјално осигурување.

Државата како Красниќи има евидентирано 700 лица кои немаат извод на родени. Преку новиот закон за евиденција, започната е постапка луѓето фантоми да бидат запишани во книгата на родени. На тој начин ќе добијат посебен извод, со кој ќе можат да ги остварат основните човекови права.

Но со изводот на родени не завршува борбата на лицата за целосна инклузија во системот. Добивањето на државјанство е потешкиот чекор. Министерот Оливер Спасовски вели дека досега 560 граѓани побарале државјанство. Признава дека процедурата е забавена, оти податоците, мислењата и согласностите, МВР ги прибира од повеќе институции, но апелира за трпение.

Красниќи и покрај децениското талкање по институциите има се уште трпение. Како што вели доволно е да добијам макар и еден документ, посебниот извод, со кој ќе докажам дека и припаѓам на оваа држава од која барам здравствена и социјална заштита.