Се јавил во британска амбасада и се заканувал на амбасадорката

0
35

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жтел на општина Дебарца поради Загрозување на сигурноста од член 114 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот пред 12 дена се јавил на телефонскиот број н британската амбасада и оставил заканувачка порака.

„Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје, не се јавувам во македонска полиција затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.

Поради тоа што постои можност осомничениот да се даде во бегство, доставен е предлог за мерка притвор.