Сообраќајка на патот Гостивар-Стража, повредено едно лице

0
22

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случила на патот Гостивар-Стража, кај мавровската раскрсница.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во изјава за Курир вели дека несреќата кај нив е пријавена во околу 9:10 часот утринава.

-Во сообраќајната несреќа учествувале автомобили „Голф“ и „Хјундаи“. Со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во гостиварската болница за укажување лекарска помош, вели Јосифоски.

Екипи во СВР Тетово вршат увид на местото на несреќата.