ВЛАДАТА НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА НЕ ГИ ПРОДОЛЖИ АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ, ОД УТРЕ ПОСКАПУВА ХРАНАТА И ДЕРИВАТИТЕ

0
35

Од полноќ истекува важноста на мерките коишто беа донесени во март за ублажување на ефектите од економската криза. Откако на денешната владина седница не стана збор за продолжување на антикризните мерки, се отвара простор за вртоглав раст на цените на храната и горивото поради порастот на акцизите и ДДВ-то, објави Дојче Веле на македонски јазик.

Според информациите од Владата, засега нема предлози за конкретни антикризни мерки, иако во ребалансот на Буџетот се предвидува одредена сума на средства за ублажување на ефектите од кризата.

Со истекувањето на времената владина антикризна мерка, која во изминатите три месеци спречи драстични поскапувања, од полноќ стапката на ДДВ-то се враќа од 10 на 18 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата од 2 денари на нафта и нафтени деривати, со што се очекува значително да поскапат бензинот и нафтата