ОПШТИНАТА ЈА ИНФОРМИРА ЈАВНОСТА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОБИВАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ БЛАГОЈА ТОСКА

0
39

Општина Тетово ја информира јавноста дека во понеделник ќе започнат работите за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“. Работите ќе започнат од делот кај текстилното училиште и ќе завршат кај мостот во близина на Клиничката болница.

-Завршени се сите подготовки, односно решени се имотно правните прашања, извршена е експропријација на земјиштето и сега нема никакви пречки за почеток на работите.Пробивањето на овој булевар е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што ќе го растерети сообраќајот во градот и ќе создаде многу подобри услови за сите учесници во сообраќајот.
Булеварот „Благоја Тоска“ е главната клучка на градот бидејќи со пробивањето ќе се олесни сообраќајот на другите две главни оски во градот, соопштија од Општина Тетово