ОСВЕН ПЕНДАРОВСКИ НИКОЈ ОД ДРЖАВНИОТ ВРВ НЕ СЕ ПОКЛОНИ И НЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

0
36

Претседателот Стево Пендаровски беше единствениот од државниот врв, кој положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Премиерот и претседателот на собранието испратија делегации, како и опозицискиот лидер.

Изјава одби да даде Пендаровски, а не беа расположени за разговор ниту претставниците од пониските ешалони на власта, како и партиските делегации. Церемонијата помина мирно и без инциденти, а цвеќе положија и бројни делегации од институти и здруженија од Македонија и странство, како и поединци кои дојдоа да му оддадат чест на Делчев.