ПРЕВЕЗУВАЛЕ И ЧУВАЛЕ КОКАИН ВО АВТОМОБИЛ

0
33

 
Денеска во 00.35 часот во с.Камењане, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Б.М.(39) од Гостивар, информираат од СВР ТЕТОВО.

-При преглед кај него и во возилото „Шевролет Каптива“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал,  биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Во 03.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во близина на спортската сала во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.М.(27) од Тетово. При преглед во возилото „Фолксваген Шаран“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин, истакна портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.