СРПСКАТА ЦРКВА ЌЕ ДОБИЕ ЕПАРХИЈА ВО МАКЕДОНИЈА?

0
40

Во идните преговори за конечниот статус на автокефалната Македонска православна црква – Охридската архиепископија, Српската патријаршија треба да добие барем една епархија за Србите, односно нејзините верници во Северна Македонија, пишува „Новости“.

Дополнително, два-три средновековни манастири на територијата на Македонија треба да добијат статус на „ставропигијал“. Тоа значи дека тие би биле исклучени од епархиите на МПЦ, на чија територија се наоѓаат, а со нив би раководел директно српскиот патријарх.

Оваа преговарачка платформа на Српската патријаршија ја претставува Зоран Чворовиќ, професор на Правниот факултет во Крагуевац, во пресрет на дијалогот што двајцата црковни поглавари – патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, заедно со синодите на СПЦ и МПЦ, ќе го отворат на темата на нерешени административни прашања во Македонија.

Неизбежна тема на идните разговори меѓу СПЦ и МПЦ ќе биде начинот на интеграција на Православната Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски, која дејствува под покровителство на СПЦ од 2005 година, како единствена канонска православна Црква во Македонија. Ова ќе значи вклучување на нејзините епархии, епископи и свештенство во новата автокефална црква.
Извор religja.mk