ТЕТОВСКИ ИНОВАТОРИ ЌЕ ИМ ЈА ОЛЕСНАТ И МОДЕРНИЗИРААТ РАБОТАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ИЗМИСЛИЈА УРЕД ЗА МЕРЕЊЕ НА ПАРАМЕТРИТЕ НА ПОЧВАТА

0
39

Индивидуалните земјоделци и задругите преку мобилна апликација ќе можат во реално време да добиваат податоци за параметрите на почвата, кои ќе овозможат поефикасно планирање и обработка на земјоделските површини. Благодарение на двајца тетовски студенти – иноватори, уредите ќе мерат 10 параметри на земјата, а ќе бидат достапни за комерцијална употреба од октомври годинава.

Влажност на почвата, количината на Азот, Фосвор, ПХ вредност, отсега земјоделците ќе можат да ги добиваат на мобилна апликација, преку овие уреди поставени на нивните ниви кои работаат на сензори.

Иновацијата на студентите од Тетово Филип и Горјан ќе овозможат подобро планирање и менаџирање.Кој земјоделски продукт за која парцела највеќе одговора, што и недостасува на почвата, со цел поголем род и поквалитетен производ.

Подолу е видео прилогот на МРТВ ЗА МЛАДИТЕ ИНОВАТОРИ ОД ТЕТОВО