АНГЕЛОВ – КЛУБОТ ВО БИТОЛА БЕШЕ ОТВОРЕН ЗА ДА БИДЕ ИСКРШЕН И ЗАПАЛЕН

0
31

Бугарскиот клуб „Ванчо Михаилов“ беше отворен за да биде запален и искршен, истакна директорот на ЦУК и претседател на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.

„Изборот на контроверзна личност од старт е провокација. Ламбе како млад човек од негови познати причини го запалил. Името „Ванчо Михаилов“ е дел од нашата историја и еден од претседателите на ВМРО. Тој е претходник на Љубчо Георгиевски, ако ги броиме конгресите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да е контроверзен, тој е дел од нашата историја, вели Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Ако не беше пејачот Ламбе Алабаковски, тогаш некој друг ќе наседнеше на ваквата провокација

-Штетата ќе беше поголема доколку не се дозволеше отворање на клубот под вакво име. Сега вината е индивидуална. Не би требало Алабаковски да постапи така. Го оправдувам неговиот револт, но не и начинот на кој реагирал. Ние сме држава и имаме механизми како да ги решиме овие крупни прашања, дополни АНГЕЛОВ.