ВИДЕО – ИНЦИДЕНТ ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ТУРКАНИЦИ И НАВРЕДИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА МАЛКУ ЌЕ СЕ СТЕПАА

0
38

Напнатата ситуација во бугарскиот парламент продолжи и денмеска , стигнувајќи до раб на физичка пресметка помеѓу пратениците од „Продолжуваме со промената“ и ДПС. Причина за блискиот контакт е говорот на Костадин Костадинов од „Преродба“, кој од собраниската говорница обвини дека синоќа бил направен обид за организирање на „Мајдан“ во Софија и побара да се спречи обидот да биде окупирана државата. Поради ваквиот настап дојде и до физички контакт меѓу пратениците, по што привремениот претседател Мирослав Иванов ги испрати пратениците на 20-минттно „ладење“ на зовириените главите.

По говорот на Костадинов на говорница излезе Јавор Бојаков од владиниот коалициски партнер БСП кој рече дека „очигледно оти Костадинов е единствениот кој намерно ја турка државата кон конфликт“. Расправиите во пленарната сала продолжија, па остри реплики си разменија и Росен Костуров и Настимир Ананиев од Продлжуваме со промените, од една, и Хамид Хамид од ДПС.

Од двете пратенички групи се собрале повеќе пратеници и дошло до турканици. Ананиев бил погоден, како што јавува БГНЕС, но причините и околностите околу конфликтот не се целосно разјаснети.